Connect with us

Фудбал

Само што се одигра првото коло, а веќе ја имаме одбраната на сезоната во ЛШ: Раја направи чудо (ВИДЕО)

Со синоќешните натпревари беше комплетирано првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите, а веќе ја имаме одбраната на сезоната во сопственост на голманот на Арсенал, Давид Раја.

Арсенал ремизираше на гостувањето кај Аталанта, а Раја е најзаслужен што тимот од Бергамо не поведе во 51. минута кога направи две фантастични одбрани. Во 51. минута Аталанта доби шанса да поведе од пенал. Матео Ретеги ја презеде одговорноста и шутираше, Раја одбрани и топката се одби до италијанскиот репрезентативец кој можеше да избере каде ќе шутира со глава. Ретеги шутираше и навивачите на стадионот веќе ја видоа топката во мрежата, но потоа се појави чудесниот Раја кој на неверојатен начин спречи топката да ја помине гол линијата.