Connect with us

Фудбал

Само што се всели во нова куќа, почна да прави скара, а потоа некој затропа на вратата: „Бев шокиран…“

Германскиот репрезентативец Антонио Рудигер летово го напушти Челзи и реши кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.

Рудигер реши да го напушти Челзи по пет сезони каде играше на одлично ниво и се очекуваше да го продолжи договорот, но во последен момент се предомисли.

Германецот им рекол на клупските челници дека се откажува од преговорите за нов договор и им признал дека едноставно добил понуда која не може да ја одбие и дека одлучил да го напушти Стемфорд Бриџ.

Понудата која ја добил Рудигер е од Реал Мадрид и без многу размислување решил да ја прифати. Тој летово потпиша петгодишен договор и брзо се избори за место во првиот тим.

Рудигер даде интервју за германски Спорт 1 во кое зборуваше за преселба во Реал Мадрид и објасни дека повикот на Карло Анчелоти бил клучен фактор зошто тој конечно ја прифатил понудата.

„Ми се јави и ми кажа дека сака да ме донесе и дека Реал Мадрид е подготвен да ми понуди договор. Да играм за толку голем клуб е цел на секој фудбалер и едноставно не можев да го одбијам. Признав на челниците на Челзи дека сакам да одам и не ми направија никаков проблем“, вели Рудигер.

Анчелоти ја докажа својата големина и кога Рудигер само што пристигна во Мадрид, а германскиот репрезентативец нема да го заборави тој ден.

„Само што најдовме куќа во Мадрид и бев таму со семејството само неколку часа. Организиравме скара, а потоа некој тропна на вратата. Кога ја отворив, тоа беше Анчелоти. Јас останав без зборови. Тој влезе , се поздрави со моето семејство и седна малку да поразговараме“, вели Рудигер и продолжува.

„Тој беше таму два часа и разговаравме за се. Никогаш не сум го доживеал тоа во кариерата и никој не го направил тоа за мене. Навистина имам неверојатен однос со него, но тој е таков кон сите играчи. Тој е неверојатен и без причина го нема прекарот Дон Карло“.

Рудигер брзо се смести во соблекувалната на Реал Мадрид и во тоа многу му помогна Тони Крос. Призна дека добил и нов прекар.

„Тренерот и неговите помошници ме викаат Антонио, а соиграчите ми дадоа прекар и ме викаат Руди. Се разбира, не им требаше многу време за да сфатат дека сум малку луд и дека секогаш сум задолжен за одлична атмосфера. Што се однесува до музиката, тука е Карим Бензема главен и е задолжен за добар ритам“.

Од доаѓањето во Реал Мадрид, Рудигер одигра девет натпревари во сите натпреварувања и веќе постигна еден гол.