Connect with us

Фудбал

Сампдорија со пресврт против Аталанта му се придружи на елитата на табелата

Екипата на Сампдорија со пресврт во второто полувреме славеше победа во дуелот против Аталанта.

На дуелот од 8. коло во Серија А,одигран попладнево во Џенова, гостите од Бергамо со голот на Брајан Кристанте во 21. минута поведоа со 1-0 што беше и актуелен резултат по првото полувреме. Во второто, фудбалерите на Сампдорија постигнаа три гола. Дуван Запата во 56.минута израмни на 1-1. Само три минути подоцна (59) Џанлука Капрари го најави пресвртот, а во 68.минута Керол Линети го постигна третиот гол, за конечни 3-1 за Сампдорија.

На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати: Болоња – СПАЛ 2-1, Каљари – Џенова 2-3, Кротоне – Торино 2-2, Сасуоло – Киево 0-0 и Фиорентина – Удинезе 2-1.

Наполи има 24 бод, два повеќе од Јувентус, Лацио и Интер кој вечерва ќе игра против градскиот ривал Милан. Екипата на Рома е на петтото место со 15 бодови, а Сампдорија шеста со 14 колку што има и тимот на Болоња.