Connect with us

Ракомет

Самсоненко ветил исплата на долгови, дали спасот е во Михајловски?!

Дел од руските медиуми пренесоа дека Сергеј Самсоненко им ветил на сите во РК Вардар дека најдоцна до крајот на мај ќе ги исплати сите долгови. Наводно се одржал состанок, на кој бил и сегашниот прв човек на СЕХА лигата Михајло Михајловски, поранешен прв човек на Вардар.

Исплатите наводно ќе бидат најдоцна до 31.мај, а можно е спасот на Вардар да биде Михајло Михајловски, пишуваа руски „Спортс“.

Според истиот медиум, станува збор за седум плати, а Самсоненко им дал нотарски гаранции.

Од друга страна, ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ за „Јутарњи“ изјави дека не се откажале од клубот и потврдил дека имало состанок.

-Имавме состанок со Сергеј Самсоненко и Михајло Михајловски, разговаравме. Ни кажаа дека ќе се знае повеќе до крајот на месецот. Што конкретно, не знаеме, изјави Чупиќ за „Јутарњи“.