Connect with us

Фудбал

„Сари беше чуден тренер“, поранешна ѕвезда на Челзи: Се уште не знам што беше „Сарибол“

Поранешниот дефанзивец на Челзи, Гери Кејхил, тврди дека неговиот поранешен менаџер, Маурицио Сари, бил човек на изненадувања, особено со тоа колку суеверен бил на тренинзите.

Поранешниот капитен на „сините“ зборуваше за италијанскиот тренер во подкастот „ObiOne“ на Џон Оби Микел и за тоа колку чудни се некои негови тренинзи.

„Сето тоа беше само тактички. Што е Сарибол? Сè уште не знам што е тоа! Тој беше многу суеверен тренер, многу поинаков. Ќе стартувавме со топката од средината на теренот, ќе ја вративме на некој од централните бекови, и само ќе ја удиравме дијагонално, како рестарт на игра. Работевме на тоа секој петок. Ова може да се направи само за еден тренинг, нели? Така беше она со суеверието, како секој петок или секој ден пред натпревар, тој го практикуваше. Бев изненаден од ова и се запрашав „што се случува овде? Дали треба да го правиме ова повторно?“.