Connect with us

Фудбал

Сари: Играме против најдобрата екипа во Европа

Тренерот на Наполи, Маурицио Сари изјави дека неговите фудбалери вечерва ќе имаат дуел со најдобрата европска екипа.

Италијанскиот тим му гостува на Манчестер Сити во дербито од Ф-групата на Лигата на шампионите.

Сити се наоѓа на врвот на табелата во Премиер лигата, додека Наполи е лидер во Серија А.

– Ќе ни биде исклучително тешко. Сити последниот период на своите ривали има дава по најмалку пет гола. Покрај ефикасниот напад, играат и цврсто во одбраната. Често играат пресинг и тоа го прават со многу играчи. Јасно е дека имаат најдобар тим во Европа, рече тренерот на Наполи.

Сари додаде дека неговата екипа за да напредува треба да игра вакви дуели со силни противници.

Средбата Манчестер Сити – Наполи се игра вечер од 20:45 часот.