Connect with us

Фудбал

Сари во пресрет на мечот со Лацио: Не може Роналдо, Игуаин и Дибала во исто време

Маурисио Сари вели дека тројцата офанзивни играчи Кристијано Роналдо, Пауло Дибала и Гонзало Игуаин не можат да бидат на теренот во исто време.

Коментарот дојде по прашање на новинар, по разочарувачкото реми од 2:2 на против Сасуоло пред една недела.

Италијанскиот менаџер тогаш го остави Дибала на клупата, кој е во одлична форма, и а мечот го започна во напад со Роналдо и Игуаин.

– Многу е тешко во моментов да се игра со тројца во напад бидејќи секој од тројцата е различен тип напаѓач. Не можам да го натерам Дибала да не оди напред, додека Роналдо не е навикнат да игра премногу централно. Треба да направиме некои промени за да имаме повеќе играчи во шеснаесетникот, рече Сари.

Овој викенд „Старата дама“ ќе се соочи со многу посериозен тест, ќе игра против Лацио. Тимот од Рим е во одлична форма и моментално го заземаат третото место. Лацио е во серија од шест победи во низа во Серие А.