Connect with us

Фудбал

Савиќ и Торес добија суспензија од по два натпревари

Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) соопшти дека ги суспендирала играчот на Атлетико Стефан Савиќ и фудбалерот на Барселона Феран Торес на два натпревари.

Савиќ и Торес беа исклучени пред три дена во финишот на дерби натпреварот од 16. коло на Лигата, кој заврши со победа на Барселона од 1:0. Двајца фудбалери заработија црвени картони затоа што се степаа меѓу себе по еден дуел за топката.

Савиќ ќе ги пропушти дуелите против Алмерија и Ваљадолид, додека Торес нема да игра против Хетафе и Жирона. Барселона на овие натпревари нема да може да смета на полскиот напаѓач Роберт Левандовски, кој претходно беше суспендиран поради исклучување на дуелот со Осасуна.