Connect with us

Фудбал

Се чека одлуката на УЕФА: Нејмар го реализира најпознатиот “модерен” трансфер?

Се чини дека приказната за евентуалниот трансфер на Нејмар од ПСЖ во Реал Мадрид сеуште не е завршена, а доказ за ова се најновите информации од Марка.

Познатиот мардидски весник известува дека кралскиот клуб е подготвен да понуди 300 милиони евра до крајот на преодниот рок, со цел да го донесе Нејмар, но има еден мал проблем.

Тоа е повеќе од проблем за ПСЖ, а на Реал на крајот може да му донесе само добар резулта. Се работи за нови финансиски истражувања на УЕФА кои, во зависност од исходот, би можеле да придонесат ПСЖ да биде принуден да го продаде Нејмар за да заработи 300 милиони евра што би било неопходно за да се избегне можна казна.

Според Марка, одлуката на УЕФА за случајот ПСЖ треба да се донесе брзо, така што двата тима ќе имаат време да го завршат можниот трансфер, имајќи предвид дека има уште осум дена пред крајниот рок.

Се разбира, овој трансфер би можел да биде еден од оние кои спаѓаат во категоријата на “модерни”. Со оглед дека пред 2000 година не издвојуваја толку големи цифри за играчите и не постоеа јасно дефинирани правила и казни за прекршување на финансиски Фер Плеј, ова ќе биде најпознатиот случај на продажба на еден играч бидејки клубот е принуден да го стори тоа поради прекршување на горенаведените правила.