Connect with us

Фудбал

Се е готово! ПСЖ ја скрши касата од 80.000.000 евра за голгетерот, ја измами и УЕФА

ПСЖ ќе испрати фиксна сума од 65 милиони евра во Лисабон, плус уште 15 милиони доколку се постигнат одредени бонуси, но тоа ќе се случи дури во јули 2024 година. Сезоната пред тоа Рамос ќе игра на „Паркот на принцовите“ како позајмен играч.

Причината за сето ова е што парижаните сакаат да ја избегнат казната на УЕФА за финансиски фер-плеј, за овој трансфер да не му се брои сега, туку од следната сезона кога позајмицата ќе стане задолжителна откуп.

Она што веќе е познато е дека Бенфика и ПСЖ ги имаат разработено сите детали, дека се подготвува документацијата за трансферот на Рамос во француската престолнина, а штом тој ги мине лекарските прегледи следната недела, се ќе биде официјализирано.

ПСЖ конечно ќе добие елегантен центарфор, докажан на најголемата сцена – во Лигата на шампионите и Светското првенство. Минатата сезона Рамос постигна 27 гола за Бенфика, а се сеќавам на уште три против Швајцарија за Португалија во осминафиналето во Катар.