Connect with us

Други спортови

Се изгуби познат спортист! Исчезна пред четири месеци, семејството е очајно

Загрижувачката приказна која ги остави сите во неверување за ски скокачот од Чешка, Антонин Хајек , кој исчезна пред четири месеци во Малезија, не се оддалечува, а не се знае дали несреќниот спортист е жив или мртов.

Хајек исчезна на 2 октомври минатата година, а последното нешто што се знае за него е дека бил во Малезија, по што му се губи секаква трага.

Иако неговото семејство и чешката полиција трага по него, никој не знае каде е и што му се случило, а веќе четири месеци не контактирал со никого

„Човекот не дава никакви знаци дали е воопшто жив“, изјави портпаролката на чешката полиција Адела Фиалова.

Работиме на случајот

„Сè уште работиме на случајот. Она што можеме да го потврдиме е дека неговата последна трага е забележана во Малезија. Тогаш му се губи секаква трага“, вели Фиалова и додава дека случајот им е оставен на колегите во таа земја.

„Хајек се уште е на нашата листа на исчезнати лица. За жал, немаме никакви информации за него“, велат од чешката полиција, а семејството нема ниту трага од него.

„Веќе не можеме да помогнеме. Сега се е во рацете на малезиската полиција и власти. Се што знаеме кажавме“, изјави братот на Хајек, Матеј, додека неговата поранешна сопруга Вероника додава:

За жал, навистина не знам ништо ново да кажам“, додаде неговата поранешна сопруга.

Хајек дебитираше на Светското првенство во 2004 година, а го има најдолгиот лет во историјата на чешката репрезентација од 236 метри. Кариерата ја заврши во 2015 година поради повреди, а со Вероника беше во краток брак од 2019 година, а се сомнева дека разводот го натера да исчезне.