Connect with us

Фудбал

Се јави и легендата: Премиер лигата е најдобра во светот, зошто би играле во некаква Суперлига?

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон ја коментираше идејата на првиот човек на Реал Мадрид Флорентино Перез за формирање Суперлига.

Фергусон не ја поддржува оваа идеја. Смета дека англиските клубови не треба да учествуваат во вакво натпреварување.

„Премиерлигата е најдобра лига во светот. Зошто англиска екипа би играла во Суперлигата? Тоа не можам да го замислам, вели Фергусон.

Идејата ја „лансираше“ Флорентино Перез, а претседателот на ФИФА Чеферин е против вакво нешто. Според идејата најбогатите клубови во светот би требало да формираат ново натпреварување, односно Суперлига.