Поврзи се со нас

Фудбал

Се јави менаџерот на Марадона: Молете се за него!

Легендарниот Марадона е хоспитализиран и мора да му се изврши операција бидејќи има крварење на мозокот. Јавноста не знаеше што точно го предизвикало ова, но се огласи неговиот менаџер, кој пред се рече дека ако го сакате Марадона, молете се за него. Менаџерот Стефано, кој воедно е негов добар пријател ја откри и причината за крварењето на мозокот.

-Се удри со глава и тоа не го дозна бидејќи пиеше апчиња. Мора да операција зашто прегледите покажаа дека има хематом на мозокот предизвикан од тој удар. Докторите велат дека не е итна операцијата, но мора да се направи, вели Стефано.

loading...

Facebook