Connect with us

Фудбал

Се огласи и Артета, каков е планот на Арсенал за преодниот рок?

Тренерот на Арсенал Микел Артета изјави дека не очекува големи работи во зимскиот преоден рок.

-Не очекувам големи работи од преодниот рок. Очекувам големи работи од играчите кои во моментов ги имам и од играчите кои се опоравуваат од повредите, изјави Артета.

Капитенот Пјер Емерик Обамејанг, на кој му остануваат уште 18 месеци од договорот, неодамна изјави дека е среќен во тимот.

Артета вели, неговото останување е приоритет за тимот.

-Не сме разговарале уште. Но, убеден сум дека тој е среќен. Тој е важен играч и знае што мислам за него, во сред сезона секако нема да разговараме за такви работи, вели Артета.