Connect with us

Тајмаут

Се ожени со плејбој зајачица, беа 14 години во брак, а сега призна дека е геј, Рафл Шумахер објави фотографија со своето момче!

Поранешниот Формула 1 возач Ралф Шумахер (49) јавно објави дека е геј. Помладиот брат на далеку попознатиот Михаел Шумахер на својот Инстаграм објави фотографија на која позира со своето момче Етјен, каде што беше откриено дека врската трае најмалку две години, што ја изненади целата германска јавност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ralf Schumacher (@ralfschumacher_rsc)

„Најубавото нешто во животот е кога покрај себе имаш вистински партнер, со кој можеш да споделиш се“, напиша Ралф Шумахер на Инстаграм, каде пристигнуваат само честитки од пријателите, каде изгледа дека само најблиските знаеле вистина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ralf Schumacher (@ralfschumacher_rsc)

Од друга страна, фановите беа изненадени од оваа информација, бидејќи медиумите никогаш не ни шпекулираа за неговата одлука, згора на тоа, тој беше во успешен брак повеќе од една деценија. Ралф Шумахер се ожени со Кора Бринкман во 2001 година и двајцата беа во брак до 2015 година. Со германскиот модел тој го има синот Давид Шумахер (22), кој исто така се обидува да се „пробие“ во мотоспортот како неговиот татко и чичко. Засега, за жал, не му оди толку добро како неговиот братучед Мик Шумахер.

Што се однесува до Кора Шумахер, таа се уште не се огласила по објавата на Ралф, а на германската јавност и е позната по разголените фотографии. Атрактивната германска манекенка се соблече за „Плејбој“, а потоа почна да ги продава своите фотографии на се попопуларната платформа „OnlyFans“ и добро да живее од тоа.