Connect with us

Фудбал

Се поизвесен трансфер, претседателот на Баерн вели дека шансите се 50 – 50

Баерн Минхен до крајот на летото би можел да го изгуби стоперот Жером Боатенг, кој се наоѓа на мата на францускиот великан.

Боатенг беше и на радарот на Жозе Мурињо, но Манчестер Јунајтед не беше подготвен на Баерн да му го плати бараниот износ, па играчот остана во Минхен.

Сега се активирале шпекулации за заминувањето на Боатенг во ПСЖ, а трансферот би можел да биде и остварен.

„Шансите за трансферот се 50 – 50. Жером му рече на Румениге дека сака да замине. Ако тој навистина го сака тоа, ќе најдеме друг играч, имаме некои алтернативи и мораме со тоа да се позанимаваме“, кажа претседателот на „Баварците“ Хоенес.

„Мислам дека ПСЖ е заинтересиран. Среќни би биле ако Боатенг остане, тој е фантазтичен играч. Ако дојде до трансфер, тоа може да биде и следната година“, истакна Хоенес.