Фудбал
Се појави клуб кој сака да го доведе Роналдо во јануари, но му поставија еден услов
Кристијано Роналдо најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во јануари.
Роналдо летово планираше да го напушти Олд Трафорд и побара трансфер, што значеше дека ги пропушти поголемиот дел од летните подготовки, но на крајот остана во Јунајтед.
Португалецот не успеа да најде нов клуб бидејќи немаше заинтересирани тимови кои би платиле отштета за него, колку и да звучи неверојатно бидејќи тој е еден од најдобрите играчи на сите времиња.
Роналдо на крајот остана во Манчестер Јунајтед, но неговото однесување го чинеше првотимско место и Ерик тен Хаг реши да го пресели Португалецот на клупата.
Во досегашниот дел од сезоната Роналдо не игра добро и веќе почнаа гласни шпекулации дека Португалецот сака со сите сили да го напушти Јунајтед во јануари.
Тој сега е фокусиран на Светското првенство кое го чека на крајот на ноември, а потоа сериозно ќе гледа да го реши статусот што се однесува до клубот. Роналдо е свесен дека очигледно нема да игра добро во Јунајтед и е решен да го напушти клубот.
Денеска се појавија информации дека Роналдо би можел да замине во МЛС, во редовите на Интер од Мајами, кој покажа голем интерес за него.
Клубот на чело со Дејвид Бекам сака да го доведе Роналдо бидејќи знае колку тоа би значело за популарноста на Интер, кој постои само две години.
Сепак, единствениот услов на Интер за доаѓањето на Роналдо е тој да дојде како слободен играч, односно да го раскине договорот со Манчестер Јунајтед бидејќи не можат да одвојат за него обештетувањето кое го бараат „црвените ѓаволи“.
На тој начин Интер би имал пари да за платата на Роналдо, со што би станал најплатен играч во МЛС. Но, прашање е дали Роналдо сака да ја напушти Европа или неговата цел е да остане на највисоко ниво.
Опцијата да оди во МЛС постои и тоа би можело да биде единствениот излез за Роналдо, бидејќи тој не се прослави со понуди ова лето.