Connect with us

Фудбал

Се појавија имињата, кој во јануари ќе пристигне на „Меаца“?

Интер ја продолжува трката со Јувентус. Во минатото коло славеа со убедливи 3:0 на гостувањето кај Торино. Сепак, на овој меч го загубија Николо Барела, кој го повреди коленото и кој ќе мора на операција, па поради тоа ќе го нема еден месец. На листата на повредени е уште еден играч за врска Стефано Сенси, но и напаѓачите Политано и Алексис Санчез, па јасно е дека на Конте му е потребна „свежа крв“.

Прва мета и натаму е Де Паул од Удинезе, кој веќе подолго време е желба на Интер, а неговата цена не би била под 35 милиони. Доколку не стигнат до него, варијанти се Куцка од Парма или Фофана од Удинезе.

„Калчиомеркато“ објави дека Јулијан Дракслер е понуден на Интер, но останува да се види реакцијата на тимот од Милано. Наводно Германецот не е во плановите на Тухел во ПСЖ, па во јануари ќе биде продаден.