Connect with us

Фудбал

Се случи и тоа тинејџер одбил „бланко“ понуда од ПСЖ?!

Според италијанските медиуми младиот напаѓач на Интер Себастијано Еспозито одбил богата понуда од ПСЖ. Наводно францускиот тим сакал да инвестира во тинејџерот, да го привлече во Париз како дел од планот за иднината.

Доставил бланко понуда, која била одбиена од страна на Еспозито, кој одлучил да остане во Интер и да се развива под водство на Конте.

Викендов против Џенова се очекува Еспозито да биде стартер, бидејќи Лутаро Мартинез нема да може да настапи. Тој има 17 години и е производ на младинската школа на Интер.