Connect with us

Фудбал

Се „тресе“ клупата на Емери, седум кандидати, Арсенал веќе стапил во контакт

Викендов, во рамките од 10.коло Арсенал на домашен терен иако водеше со 2:0 на крајот одигра само 2:2 со Кристал Палас, кој се бори за опстанок.

Според пишувањата на „Сан“, кој за волја на вистината важи за таблоид, позицијата на тренерот Унаи Емери не е сигурна.

Арсенал наводно бара негова замена, а во игра се седум имиња. Со дел од нив веќе бил направен контакт и разговори уште кога тренер беше Арсен Венгер.

Станува збор за Микаел Артета кој му е асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, потоа Џулен Лопотеги, кој сега е на кормилото на Севиља, Ралф Рагник, Хорхе Сампаоли, Патрик Вијера, Масимилиано Алегри и легендата на „Топџиите“ Тијери Анри.

Сепак, Унаи Емери има важечки договор, па останува да се види дали Арсенал ќе се одлучи да му врачи отказ, да ангажира нов тренер, а притоа на Емери да му плаќа „пенали“.