Connect with us

Други спортови

Седум медали за „Триоџи Рејсинг“ на Белградскиот триатлонски куп

Два златни и пет сребрени медали освоија членовите на триатлонскиот клуб „Триоџи“ од Скопје на Белградскиот триатлонски куп, што по 24. пат се одржа на „Ада Циганлија“.

Со злато се закитија Иво Јован Димовски (кадети) и Марио Брезовски (млади надежи).

Сребрени медали добија: Елена Зисовска (сениорки), Бојан Кралевски (кадети), Бојана Ѓорѓијеска (јуниорки), Бобан Јаневски (млади надежи) и Јана Ѓорѓијевска (млади надежи).