Connect with us

Фудбал

„Секоја резерва на Сити би било засилување за Јунајтед“

Легендата на Ливерпул, Грем Сонес нема дилема кој е подобар од двајцата финалисти од Манчестер – ФА Купот – Сити или Јунајтед.

В сабота е закажано големото финале на ФА Купот на Англија во кое првпат во историјата ќе се сретнат градските ривали Манчестер Сити и Јунајтед.

Поранешниот капитен на Ливерпул, подоцна менаџер на Црвените, смета дека Граѓаните се апсолутни фаворити во финалето:

„Ниту еден играч на Манчестер Јунајтед не би имал место во стартниот тим на Манчестер Сити. Всушност, секоја замена на Сити ќе биде поттик за тимот на Јунајтед. Сити има подобри играчи на секоја позиција. Знам дека нема да бидам многу популарен во црвената половина на Манчестер, но ова не го кажувам напамет, долго размислував“, изјави Грем Сонес и наиде на лавина негативни коментари од навивачите на Олд Трафорд.

Финалето на ФА Купот на Англија помеѓу Манчестер Сити и Јунајтед е на програмата од 16:00.