Connect with us

Ракомет

Селектор на Хрватска кој освои бронзен медал на ЕП во 2016-та, нов тренер на Еурофарм Пелистер

Нов шеф на стручниот штаб на РК Еурофарм Пелистер ќе биде Жељко Бабиќ, поранешен селектор на Хрватската ракометна репрезентација и тренер на РК Загреб, РК Мешков Брест и РК Горење Велење.

Во досегашната своја тренерска кариера, како помошник тренер со репрезентацијата на Хрватска има освоено бронзани медали на Олимписките игри во Лондон 2012 год, Европското првенство во Србија 2012 год и Светското првенство во Шпанија 2013 год.
Како селектор со ракометната репрезентација на Хрватска, на Европското првенство во Полска 2016 година го освои бронзениот медал.