Connect with us

Фудбал

Селекторот на Албанија: Во групата недостасуваат само Бразил и Аргентина

Албанскиот тренер Силвињо, 49-годишен Бразилец, на хумористичен начин ја прокоментира ждрепката од групата во која се наоѓа Албанија на предстојното Европското првенство кое ќе се игра од 14 јуни до 14 јули следната година.

„Недостасуваат само Бразил и Аргентина! Не можам да се пожалам на ждрепката. За Албанија секој избор би бил пекол. Нема лесни противници на Евро турнирите. Тоа е голем предизвик за нас.Сите против нас се фаворити, но беа и Полска и Чешка. Работев во Италија, живеев и играв во Шпанија. Ги знам двата фудбалски менталитети. Можеби ќе ми помогнат да го подготвам тимот подобро.”