Connect with us

Фудбал

Селекторот на Бугарија: Сакам фудбалерите да покажат карактер и да ја победат Македонија, а другото не ме интересира тоа е работа на политичарите

Селекторот на Бугарија, Младен Крстајиќ на официјалната прес конференција пред утрешниот меч и гостување во Скопје порачува дека не го интересираат други работи освен политиката. За провокации не сака да разсмилува и сето останато што не е поврзано со фудбалот нека го тераат политичарите. Тој вели дека сака неговата селекција да покаже карактер и да победи во Скопје.

– Сакам Бугарија да покаже карактер, и да победи против Македонија. Ќе играме на бодови, ама зависи и од противникот, не е важно дали со атрактивна игра, или со игра која нема да биде убава за око. Јас сум имал како играч и како тренер и селектор, вакви ситуации, ние ќе се насочиме на фудбал, а за ситуацијата тоа е работа на политичарите“ – изјави Крстајиќ.

Натпреварот меѓу Македонија и Бугарија се игра утревечер (20.45 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје.