Connect with us

Фудбал

Селекторот на Канада сепак се откажа од шокантната промена на работното место

Џон Хердман (47) ја предводеше Канада на Светското првенство во Катар. Таму загуби од Белгија, Хрватска и Мароко и заврши на последното место во групата. Хердман е особено запаметен по изјавата пред мечот со Хрватска, кога веднаш по поразот од Белгија им порача на своите играчи дека ќе ја пое*ат Хрватска.

Хрватска ја декласираше Канада со 4:1, а Хердман потоа одби да му честита на хрватскиот селектор Златко Далиќ. Хердман сега е повторно во центарот на јавноста со потенцијалната нова работа, бидејќи канадските медиуми објавија дека тој треба да ја преземе репрезентацијата на Нов Зеланд. Тоа е 105. репрезентација на рангирањето на ФИФА, па многумина беа изненадени од одлуката на Хердман.

„Ова нема смисла за Хердман. Тоа е огромен чекор наназад, не го разбирам тоа“, напиша новинарот Ендрју Гурди откако објави дека Хердман ќе ја напушти Канада, 53-та репрезентација во светот, за Нов Зеланд. Сепак, Гурди погреши. Хердман остана селектор на Канада.

Хердман реши да остане селектор на канадската репрезентација до крајот на Светското првенство во 2026 година, кое заеднички ќе го организираат Канада, САД и Мексико. Тој ја презеде Канада на почетокот на 2018 година и под негово водство Канаѓаните се пласираа на Светското првенство по 36-годишно чекање.

„На нашите канадски играчи и нашите навивачи, сакам да ја повторам мојата посветеност на канадскиот фудбал и растот на оваа програма. На Светското првенство во Катар, нашите играчи му покажаа на светот дека припаѓаат на тоа ниво. Не одам никаде Имаме уште работа“, изјави англискиот стручњак за „Канада Фудбал“.