Connect with us

Фудбал

Селекторот на македонската репрезентација за играчи до 19 години: Верувавме дека можеме!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Тони Јакимовски се осврна на настапите на неговите избраници на квалификацискиот турнир во Полска и освоеното второто место. „Црвено-жолтите“ се пласираа во елитната рунда квалификации за пласман на Европското првенство во конкуренција на големите фаворити Германија и домаќинот, Полска.

Македонците во првото коло ја надиграа Полска со 2:0, во вториот меч  загубија од Германија со 3:1, a во последното коло одиграа нерешено 1:1 против Казахстан.

– Не беше воопшто лесно да се игра против силните и моќни репрезентации на Германија и Полска. Потајно се надевавме дека можеме да оствариме успех и покрај тешката група во која се наоѓавме. Одработивме одлични подготовки, момците и на последниот пријателскиот дуел со АП Брера покажаа голем натпреварувачки дух, желба за надигрување и максимална посветеност. Голема поддршка имавме од Фудбалската федерација на Македонија која ни овозможи максимални услови за подготовки и натпревари, изјави Јакимовски.

Следен предизвик за младите македонски фудбалери се настапите во елитната фаза квалификации кои се во месец март.