Connect with us

Фудбал

Сепак, Ноjер не „мрда“, потпиша до 2023-та со Баерн Минхен

Капитенот на Баерн Минхен Мануел Ноjер, по долготрајни преговори, конечно го продолжил договорот со германскиот најтрофеен клуб и тоа до 2023-та година.

-Не сакав да донесам одлука во текот на паузата бидејќи никој не знаеше кога Бундеслигата ќе продолжи. Истот ака беше многу важно да ја продолжам соработката со тренерот на голманите, Тони Топаловиќ, изјави Ноjер.

Мануел Ноjер од 2011-та е во Баерн Минхен, претходно играше за Шалке, каде што и ја започнал кариерата.