Фудбал
Сестрата на Роналдо без „влакна на јазикот“ за својот народ: Бездушни, болни, глупави
Португалија загуби од Шпанија во Лигата на нации во последното коло на домашен терен со 0:1, со што во директната пресметка го загуби првото место и нема да играат Плеј оф. Кристијано Роналдо по мечот претрпе критики за слабата игра и лошата форма.
Но, неговата сестра Катија Авеиро без влакна на јазикот застана во одбрана на својот брат и „удри“ по нејзиниот народ.
-Португалците плукаат по чинијата од која јадат, така било секогаш. Неопходно е да им се подаде рака на оние кои секогаш давале се од себе за Португалија. Но, Португалците (навивачите) можат да бидат болни, ситни, бездушни, глупави. .. вечно неблагодарни“, напиша таа на Инстаграм.
Светското првенство во Катар се очекува да биде последниот голем турнир за Кристијано Роналдо во националниот тим.