Connect with us

Фудбал

Сетиен ја има довербата на раководството на клубот

Објавено:

Претседателот на Барселона, Пеп Бартомеу не ја загубил вербата во Кике Сетиен, и покрај слабиот крај на сезоната на тимот во Ла Лига.

„Ние во моментов не размислуваме за тренерска промена“, изјави Бартомеу за локалниот весник „Дијарио спорт“.

Сетиен го замени Ернесто Валверде на почетокот на годината, а во март пред крајот на сезоната поради пандемијата на коронавирус, Каталонците се најдоа на врвот на шампионскиот пласман.

Низата слаби натпревари и незадоволителните резултати по продолжувањето на кампањата во јуни ја чинеа Барса губење на титулата и му дозволија на Реал Мадрид да триумфира за прв пат по три години.

Кога го ангажиравме, му рековме дека проектот е до крајот на оваа сезона и следната. Тешко е да се суди тренерот по само неколку месеци и среде пандемија. Како што кажа Артуро Видал тој и играчите немале доволно време да работат заедно и добро да се запознаат“, рече Бартомеу.

Претседателот на Барселона призна дека во зима имал разговори со поранешниот плејмејкер на тимот Чави Ернандез за замена на Валверде, но не е постигнат договор.

„Чави еден ден ќе ја преземе Барселона“, убеден е Бартомеу.

Следниот меч за Барселона е следниот викенд, кога го пречекува Наполи во осминафиналето од ЛШ по 1:1 во првиот натпревар во Неапол.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама