Connect with us

Фудбал

Шалке пропушти шанса за лидерската позиција, Чурлинов играше за вториот тим на Келн

Екипата на Шалке не успеа да го искористи киксот и поразот на Баерн Минхен од Хофенхајм на домашен терен (1:2) и да избие на челната позиција на табелата.  На домашен терен одигра само 1:1 со Келн.

Во 72.минута Сердар му донесе водство на Шалке од 1:0, но победата им ја „украде“ Хектор во 91.минута од мечот.

Шалке има 14 бодови, исто толку и Баерн Минхен, кој ја задржа лидерската позиција поради подобрата гол разлика.

Македонскиот интернационалец Дарко Чурлинов, кој сезонава од младинскиот беше прекомандуван во сениорскиот тим, попладнево играше за вториот тим на Келн. И тие ремизираа, но со 2:2 на гостувањето кај Ватеншајд.

Бундеслига, 7.коло парови и резултати

Сабота:

Леверкузен – Лајпциг 1:1

Баерн – Хофенхајм 1:2

Фрајбург – Борусија Дортмунд 2:2

Падерборн – Мајнц 1:2

Шалке – Келн 1:1

Недела:

Мехенгладбах – Аугсбург

Волфсбург – Унион Берлин

Ајнтрахт Франкфурт – Вердер Бремен

Петок:

Херта – Фортуна Дизелдорф 3:1