Connect with us

Други спортови

Шампионе продолжи да се бориш! Шест години од несреќата на легендата на Формула 1

На денешен ден пред шест години Михаел Шумахер доживеа несреќа за време на скијање на француските Алпи. Падна, ја удри главата во камен и се здоби со тешки повреди на мозокот.

Од тогаш, јавноста многу малку знае за состојбата на седумкратниот шампион.

По долгото лекување во болница, во состојба на кома, беше пуштен на домашно лекување во Швајцарија, во неговата вила каде живее во тајност.

Од време на време ќе се појави некоја „штура“ информација, но нема детали дали напредува закрепнувањето.

Најчестото поставувано прашање во изминатите шест години е во каква всушност состојба е Михаел Шумаер

Последната порака испратена до фановите од страна на неговата сопруга Корина, беше мистериозна и гласеше: Големите работи почнуваат со мали чекори. Малите делови можат да направат голем мозаик.

 

Единствените вести се дека се наоѓа во најдобри раце и дека ја почитуваат неговата желба за тајност на здравствената состојба.

Шампионе, продолжи да се бориш!