Connect with us

Други спортови

Шарапова имала незаборавна вечер со Ѓоковиќ

Марија Шарапова стави крај на кариерата на почетокот на 2020 година. Секако дека ова беше тажен ден за навивачите, но и нејизните колеги. Причина се хроничните повреди, па мораше да се откаже од професионално играње на тенис на 33 години.

Помеѓу тенисерите, нејзиниот најдобар пријател беше Новак Ѓоковиќ, за кого откри интересни работи. Ова го откри во заеднички разговор на Инстаграм.

– Се сеќавам дека се запознавме на еден егзибициски турнир, двајцата бевме многу млади. Не знам дали во тој момент имаше освоено било каков турнир, се сеќавам дека беше турнир во Индијан Велс. Игравме микс двојки заедно и ми рече дека ќе ме однесеш на вечера ако победиме. Победивме и тогаш сфатив дека зборуваш сериозно и завршивме заедно во јапонски ресторан таа ноќ, – порача популарната Маша со насмевка на лицето и се надополни.