Connect with us

Други спортови

Шефовите на Формула 1 најавуваат голема промена на правилата. Поранешен шампион: Тотално ср*ње

Порталот специјализиран за Формула 1 и сродните спортови „Autosport“ пишува дека по неодамна одржаното Гран При на Соединетите Американски Држави, тимските шефови започнале неформални дискусии за промени на правилата на спринт трката, што во моментов предизвикува голем отпор кај некои возачи.

Имаше значително помал интерес од навивачите за спринтерската трка на Големата награда на САД, а извршниот директор на Ф1, Стефано Доменикали, смета дека се неопходни промени за да се спречи стагнирање на Формула 1. Неговиот предлог е возачите на спринтерски трки да стартуваат во обратен редослед од местото што го постигнат во квалификациите. Тој што беше прв во квалификациите, спринтот ќе го стартуваше како десетти и обратно.

Противник на таа идеја е четирикратниот шампион на Формула 1 Германецот Себастијан Фетел.

„Мислам дека тоа е целосно ср*ње, да бидам искрен. Не знам кој гениј го смислил, но тоа не е решение. Тоа е целосно погрешен пристап“.

Пред неколку години, Луис Хамилтон се спротивстави на истата идеја.

„Луѓето кои ја предложија навистина не знаат за што зборуваат“.