Фудбал
Шкендија елиминирана од Европа, без ниту еден пораз
Екипата на Шкупи останува единствениот македонски претставник на европската фудбалска сцена, откако Шкендија синоќа беше елиминирана од Конференциската лига.
Тетовци го загубија реванш дуелот против шведски АИК, и тоа по пенал „рулетот“.
Откако по 90, но и дополнителните 30 минути игра, резултатот гласеше 1-1, како и на првата средба во Шведска се пристапи кон изведување на пеналите.
Во неа ќе игра македонскиот првак Шкупи, кој за противник ќе ја има екипа Балкани против која првиот меч чаирчани ќе го играат во Скопје, а реваншот е седум дена подоцна во Косово.
Резултатти:
Конференциска Лига, 3.коло
Шкендија – АИК Стокхолм 1:1 (пораз на пенали)
АИК Стокхолм – Шкендија 1:1
Конференциска лига, 2.коло
Шкендија – Валмеира 3:1
Валмеира – Шкендија 1:2
Конференциска лига, 1.коло
Арарат-Шкендија 2:2
Шкендија – Арарат 2:1