Фудбал
Шкендија подобра од Хајдук, Левски, Динамо Москва, Панатинаикос, а Вардар и Работнички на дното!
УЕФА ја објави листата на клубовите, рангирањето и бодовите според нивниот учинок во изминатите сезони во европските натпреварувања. Шкендија е најдобриот македонски клуб, која во последните неколку сезони редовно игра во Европа, па се најде на 147-место од вкупно 423 рангирани клубови. Ако е за утеха, Шкендија се најде на оваа листа пред клубови како што се Хајдук од Хрватска, Левски од Бугарија, Панатинаикос од Грција, па и Динамо Москва од Русија. Втор наш најдобро рангиран клуб е Шкупи кој се најде на 184-то место на листата за 2022/2023.
Од вкупно 423 рангирани клубови, Струга Трим Лум е на 417-то место, Вардар 418-то, Работнички 419, Ренова, која поради финаниски проблеми се откажа од првата лига и сега е во регион се најде на 409-то, Академија Пандев е на 382 позиција, Силекс 361-во место, Македонија ЃП 356-то.
Во првите 10 клубови според УЕФА се Манчестер Сити, Баерн Минхен, Ливерпул,Челзи, ПСЖ, Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, Јувентус и Ајакс.