Connect with us

Фудбал

Шкупи стартуваше со подготoвките, само едно засилување

Екипата на Шкупи од Чаир го заврши одморот и зимската пауза. Од денеска се вратија на тренинзите.  Тимот го имаше првиот собир под палката на тренерот Ќатип Османи за пролетниот дел од сезоната.

Првиот ден беше за физички тестови на играчите и сите успешно ја минаа првата фаза.

Тимот ќе продолжи да работи до 22 јануари, а потоа патува во Анталија.

Со екипата на првиот тренинг беше и првото засилување Јакуп Бериша.