Други спортови
ШОК: Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга позитивни на Ковид-19!!!
Новак Ѓоковиќ е позитивен на Ковид-19, покажал тестот кој го направил во Белград по враќањето од Задар од „Адриа Тоур“. Турнирот е прекинат откако бугарскиот тенисер Григор Димитров соопшти дека е позитивен.
Ѓоковиќ одбил да се тестира во Хрватска, а веднаш по враќањето се тестирал во Белград.
-Веднаш по доаѓањето во Белград отидовме да се тестираме. Мојот резултат и резултатот на мојата сопруга се позитивни. На децата негативни, се наведува во соопштението на Новак Ѓоковиќ, а пренесуваат српските медиуми.
Токму Новак Ѓоковиќ беше организатор и покровител на турнирите „Адриа Тоур“, поради што претрпе голем број критики. Турнирот во Белград се одржа, потоа имаше голема забава, а турнирот во Задат е прекинат.