Connect with us

Фудбал

Шок во Торино: Јувентус загуби со гол во 95. минута

Сасуоло го шокираше Јувентус во натпреварот од 10. коло на италијанската Серија А и славеше победа во Торино со резултат 2:1.

Гостите на овој меч не се плашеа од „Старата дама“ и на крајот ги совладаа во Торино, иако Јуве беше голем фаворит.

И двете екипи имаа свои шанси во првото полувреме, а потоа во 44. минута Сасуоло поведе. За предност од 1:0 се погрижи Давиде Фратези.

Очекувано Јуве тргна напорно кон голот на Сасуоло и навистина е неверојатно што не успеаја да постигнат сите домашни играчи.

Сепак, во 76. минута бјанконерите конечно стигнаа до голот. Дибала добро уфрли, а Вестон Мекени погодува со глава за 1:1.

До крајот на натпреварот Јувентус не успеа да направи ништо, а Сасуоло во 95. минута гостите дојдоа до победа.

Берарди го пронајде Лопез со феноменална топка и го совлада Перин за победа на Сасуоло од 2:1.