Поврзи се со нас

Фудбал

Шок за Бејл и Тотенхем на лекарскиот прегледи

Герет Бејл пристигна во Лондон денес на лекарски прегледи пред да потпише договор со Тотенхем.

Реал и Спарс се согласија на едногодишна позајмица за велшкиот репрезентативец, но лекарскиот преглед откри проблем што ќе го оддели Велшанецот од теренот.

Бејл се врати од репрезентацијата повреден. Се проценува дека тој ќе паузира четири недели и Жозе Мурињо нема да може да смета на него во наредниот месец.

Ова сигурно не е она што го очекуваа во Тотенхем и повредата на Бејл е голем шок за сите во лондонскиот тим.

Некогаш најскапиот фудбалер на светот, по седум години се врати во Тотенхем, а во минатото имаше и бројни проблеми со повредите во дресот на Реал Мадрид.

Advertisement

Facebook

Реклама