Connect with us

Фудбал

ШОКАНТНО: Докторот на Марадона осомничен за смртта на легендарниот Аргентинец, полицијата извршила претрес во неговиот дом

Голем број угледни светски медиуми објавија дека докторот на Диего Марадона е обвинет за медицинска небрежност и за смртта на легендарниот Аргентинец. Наводно полицијата смртта на Марадона ја третира како можно убиство од небрежност.

Полицијата денеска изврши претрес во домот на личниот лекар на Марадона, Леополд Луке, а истражителите го испитуваат целиот медицински персонал вклучен во неговата грижа.

Лекарот ќе мора да сведочи пред обвинителот за неговите постапки во текот на последните денови од животот на Марадона, според аргентинскиот медиум „Марка“. Токму овој лекар, кој се грижел за Марадона заедно со уште една медицинска сестра, по операцијата на главата поради крварење на мозокот, ја повикал брзата помош кога легендарниот фудбалер имал срцев удар.

Марадона почина во средата, а се уште е главна тема во светските медиуми.

Facebook