Connect with us

Фудбал

Шоуто на Мурињо: Не сакал да зборува на италијански, па донел преведувач

Во 14. коло од Серија А, РОМА победи на гостувањето кај Сасуоло со 2:1 и скокна на четвртото место на првенствената табела. Тренерот на Рома, Жозе Мурињо по натпреварот не сакаше да зборува на италијански на прес-конференцијата по натпреварот. Португалецот по натпреварот изјави дека неговиот Италијански „не е доволно полиран“ и реши да зборува на португалски. Со него беше и клупскиот преведувач на Рома.

„Благодарам на директорот Тиаго Пинто и на останатото раководство на клубот. Во последните неколку часа ја добив поддршката што ја добив за да ја завршам мојата работа на вистински начин. Тимот одигра добро и јас сум многу среќен за моите играчи и навивачи“, рече Мурињо на португалски и му ја посвети победата на суспендираниот помошник Салваторе Фоти, кој доби црвен картон на последниот натпревар против Удинезе.

Мурињо е под истрага на италијанската федерација бидејќи ја доведе во прашање емоционалната стабилност на судијата Матео Марсенаро пред натпреварот на Сасуоло.

„Кога зборував за тоа, мислев на квалитетот потребен за настап на највисоко ниво“, изјави Мурињо по натпреварот.

Марсенаро во 63. минута го исклучи играчот од средниот ред на Сасуоло, Даниел Болока при водство од 1:0, а 13 минути подоцна досуди пенал за Рома, која на крајот успеа да го сврти натпреварот.