Фудбал
Шпанец пропушта натпревар од Лига Европа затоа што… голтнал пчела
Играчот од средниот ред на Штурм Грац нема да му биде на располагање на тренерот на австрискиот тим Кристијан Илцер за првиот натпревар од групната фаза на Лига Европа, а причината е што Шпанецот проголта пчела.
Тоа се случило на еден тренинг на Австријците, а медицинскиот персонал веднаш интервенирал ставајќи му кеса со мраз на вратот. Играчот од средниот ред, префрлен од Атлетико Мадрид, е хоспитализиран и лекуван со кортизон.
Иако не е алергичен на пчели, Хавиер Серано нема да биде ризикуван на натпреварот против Спортинг, пренесува австриското издание „Клајн Цајтунг“.