Connect with us

Фудбал

Шпанецот го одби Ливерпул, сега се кае и самиот се нуди да го земат во јануари!

Мартин Зубименди, фудбалер од Шпанија летово имаше понуда од Ливерпул која ја одби и остана во Реал Сосиедад. Но, сега се кае и само неколку недели подоцна сам го контактирал клубот од „Енфилд“ бидејќи сега сака да премине во нивните редови.

Мартин Зубименди на крајот од минатата сезона играше добро за Реал Сосиедад, а во текот на летото стана шампион на Европа во дресот на Шпанија. Секако по добрите игри секогаш пристигнуваат награди, а Зубименди доби награда во вид на покана од Ливерпул која ја одби и остана во Сосиедад. Ливерпул понуди 50 милиони, Шпанецот реши да остане во својот клуб, но брзо зажали.

Клубот од Сан Себастијан очајно ја отвори новата сезона од Ла Лига бидејќи по шест натпревари има само една победa и вкупно четири бода и се наоѓа во долниот дел од табелата. Сосиедад вложи пари во засилувања, но играчите кои си заминаа од тимот изгледа беа клучни. Зубименди очигледно сфатил дека оваа сезона нема да биде како што очекувал и зажалил што ја одбил понудата на Ливерпул, па самиот ги контактирал челниците на клубот од „Енфилд“ за да провери дали се уште има интерес за него и им рекол дека му е жал што ја одбил понудата и дека се надева дека ќе се обидат повторно да го донесат во јануари.