Фудбал
Шпанија се одлучи за Ламин Јамал, го враќа во Барселона
Младиот бисер во селекцијата на Шпанија, Ламин Јамал, ќе го напушти таборот на репрезентацијата и ќе се врати во Барселона, соопшти фудбалската федерација на оваа земја.
16-годишниот фудбалер пристигна во тренинг кампот на репрезентацијата со повреда по натпреварот на Каталонците против Гранада, на кој Јамал постигна еден од головите во ремито 2-2.
Од таборот на Ла Фурија Роха направија дополнителни медицински прегледи на крилниот напаѓач за да проценат дали ќе може да го искористи за натпреварите против Шкотска во четврток (12 октомври) и против Норвешка во недела (15 октомври).
Тестовите покажаа дека Јамал нема начин да се опорави од повредата и затоа ќе се врати во Барселона за да продолжи со лекувањето на повредата.