Connect with us

Ракомет

Штербик е во тимот на колото во Лигата на шампионите

Одличната форма, двоцифрениот број на одбрани против Нант и триумфот на Вардар во 2. коло од лигата на шампионите го ставија Арпад Штербик во преден план како еден од клучните играчи за триумфот на Вардар.

ЕХФ повторно му се поклони на голманот на Вардар кој е избран во идеaлниот тим на колото.

Вардар со 27-23 го победи Нант, максимален учинок за Вардар по двете кола во ЛШ.

Во друштво на Арпад Штербик во ова коло се наоѓаат и:
ГОЛМАН – Арпад Штербик (Вардар)
ЛЕВО КРИЛО – Валеро Ривера (Барселона)
ЛЕВ БЕК – Каро Биелецки (Кјелце)
СРЕДЕН БЕК – Мате Лекај (Веспрем)
ДЕСЕН БЕК – Ласло Наѓ (Веспрем)
ДЕСНО КРИЛО – Матјаж Брумен (Горење)
ПИВОТ – Бјарте Мирхол (Скјерн)

Advertisement