Connect with us

Фудбал

Што направи Лестер? Девет голови во мрежата на Саутемптон за влез во историјата

Екипата на Лестер со голема победа од 9:0 на гостувањето кај Саутемптон на отворањето на 10.коло во Премиер лигата. Со оваа победа „Лисиците“ влегоа во историјата на Премиер лигата постигнувајќи ја највисоката победа обезбедена на гостински терен на еден тим.

Хет-трик забележаа Перез и Варди, Чилвел, Тиелеманс и Медисон погодија по еднаш.

Со оваа победа Лестер барем до утре го „скокна“ Манчестер Сити на табелата и сега се на второто место со 20 бодови, пет помалку од лидерот Ливерпул и еден повеќе од „граѓаните“.