Connect with us

Фудбал

Што се случува со Реал Мадрид, за пет дена два срамни порази, а на ред е „Ел Класико“

Реал Мадрид за само два дена доживеа два неочекувани и може да се каже срамни порази, бидејќи се случија на домашен терен и тоа од екипи од кои не се очекуваше такво нешто. Првиот беше изминатиот викенд против Кадиз со 1:0 во рамките од Примера, а вториот синоќа од Шахтјор. Дали „Кралевите“ влегуваат во резултатска и играчка криза во најлош можен момент кога се очекува големото „Ел Класико“.

Викендов се игра големата пресметка против Барселона, а тимот на Зинедин Зидан е во вистински „нокаут“.

– Јас сум единствениот одговорен за резултатот. Игравме лошо и нема тука што да се каже. Сега ни останува да тренираме и да се насочиме кон „Ел Класико“. Мора да имаме самодоверба. Ќе тренираме за да се подобриме, очекувам подобро издание в сабота, изјави Зидан по мечот со Шахтјор.