Connect with us

Фудбал

Шторк повеќе не е селектор на Унгарија

Германскиот фудбалски стручњак Бернд Шторк ја напушти клупата на унгарскиот национален фудбалски тим по неуспешните квалификации за Мундијалот во Русија.

Унгарија под водство на Шторк квалификациите во група Б, ги заврши на третото место со 14 бодови помалку од Португалија и Швајцарија.

Шторк ќе остане запаметен во Унгарија по обезбеденото учество на Европското првенство во Франција 2015 година, прво по пауза од 44 години.

Претходно Германецот како селектор на младинската унгарска селекција стигна до осминафиналето на Мундијалот во Нов Зеланд.