Connect with us

Фудбал

Штутгарт тргнува по македонскиот фудбалер од Келн

Како што пишува угледниот „Кикер“, Штутгарт наскоро ќе тргне по потписот на македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов. Тој во моментов е член на Келн, но и покрај добрите партии, ретко добива шанса во првиот тим.

Неговиот договор му истекува следното лето, Келн му нуди нов, но според „Кикер“ тој одбива да ја продолжи соработката. Штутгарт сака сето тоа да го искористи и да го привлече 19 годишниот крилен напаѓач во своите редови.

Чурлинов на 28 март 2017-та година настапи на пријателскиот меч против Белорусија, со што стана намладиот фудбалер во историјата кој настапил во националниот дрес на Македонија.